Top Sport

Азар: Не ме интересира што зборува тренерот

Фудбалерите на Челси, синоќа се пласираа во финалето на Лига купот. Екипата што ја предводи Маурицио Сари до финалето стигна по изведувањето на пенали. Челси славеше над Тотенхем 2:1, а бидејќи првиот меч заврши со триумф на Спарси 0:1, пеналите решаваа за патникот во финалето.

Челси пенал серијата ја добија со 4:2. Ерика Даер го промаши голот, а ударот на Лукас Мура го одбрани Кепа Аризабалага. Кај Челси сите што шутираа беа прецизни (Вилијан, Аспиликуета, Жоргињо и Давид Луиз).

Најдобриот пеналџија кај Челси, Еден Азар не доби можност да шутира бидејќи пенал-рулетот не дојде до последната серија.

Белгиецот, кој пред два дена беше критикуван од својот тренер дека не е лидер, го понесе епитетот за играч на мечот.

„Дали критиките од тренерот дополнително ве мотивираа за овој натпревар?“, го прашал новинарот на „Скај спорт“ по натпреварот.

Одговорот сигурни нема да му се допадне на МАурицио Сари.

„Искрено, гајле ми е што говори менаџерот, јас го играм мојот фудбал“, одговорил Азар.

Scroll to Top