Садио Мане им прати порака на поддршка на своите колеги од сенегалската репрезентација и покрај нивната елиминација од Англија во осминафиналето на Светското првенство. Сенегал првпат од 2010 ја помина групната фаза и покрај тоа што им недостасуваше првата ѕвезда Мане, кој беше отсутен поради повреда, но Англичаните беа едноставно пресилни во 3:0 победата над африканскиот шампион.
„Драги браќа, паднавте со вкрстени раце. Народот е горд на вашиот пат кој ги загреа срцата на сите навивачи, бранејќи го националното знаме со горост. Многу среќа, учењето за нас продолжува. Ќе одиме по нови трофеи, иншала“, напиша Мане.
Chers frères, vous êtes tombés les armes en main.
Le peuple est très fier de votre parcours qui a mis du baume dans le cœur des supporters, en défendant dignement le drapeau national.
Bon courage, l'apprentissage continue. On ira à la recherche d'autres trophées Inchallah 🦁🇸🇳❤ pic.twitter.com/iWfJ9vPwMH— Sadio Mané (@SMane_Officiel) December 4, 2022