Насер Ал-Хелаифи, катарскиот претседател на Пари Сен-Жермен вели дека медиумите се „екстремно нефер“ и „негативни“ кон неговата татковина, која стана првата арапска земја организатор на едно Светско првенство.
Западните медиуми подолго време ја критикуваат земјата за човековите права на работниците-имигранти во земјата кои ги изградија прекрасните стадиони, но и кон сопствената ЛГБТ популација, бидејќи во Катар хомосексуалноста е забранета со закон. Катарската влада тврди дека при несреќи при изградбата на стадионите загинале само тројца работници, но западните организации тврдат дека бројката е астрономски 6.500.
„Светот е екстремно нефер кон Катар. Ако луѓето дојдат и видаат што е Катар, какви се Катарците, што прават во сопствената земја ќе има поинакво мислење. Секако, ние не сме совршени, но го даваме нашиот максимум. Ние сме добри луѓе и се однесуваме кон луѓето како што не водат нашите срца. Медиумите беа крајно негативни кон нас, и сметам дека тоа не е фер“, вели Ал-Хелаифи за „Токспорт“.