Катарскиот шеик Џасим Бин Хамад Ал-Тани да и петта, последна понуда за купување на Манчестер јунајтед и порачал на семејството Глејзер дека чека одговор до петок, со желба ако се оствари зделката да се биде активен на пазарот на играчи, тврди „ЕСПН“.
Катарскиот бизнисмен ја дал последната понуда до „Рејн групацијата“, американската банка која работи за Глејзери минатиот петок и порачал дека од петок веќе нема да биде дел од процесот на продажбата. Шеикот бил исфрустриран од недостатокот напрогрес, откако Глејзери во ноември 2022 најавија целосна или делумна продажба на клубот.
Катарците сакаат 100 отсто сопственост на клубот, за разлика од британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф, кој се согласува Глејзери да останат делумни сопственици.