Брајтон скапо ја плати победата против Кроули (4:0) во второто коло од Лига купот на Англија. На Мет О’Рајли ќе му биде потребна операција по повредата што ја заработи на дебито за својот нов клуб.
Засилувањето за кое Брајтон на Селтик му плати 30.000.000 фунти, на теренот мина само шест минути.
Откако му беше укажана прва помош на теренот, тој беше заменет во деветтата минута, а два дена подоцна прегледите ги потврдија лошите прогнози.
По дуелот со капитенот на Кроули, Џеј Вилијамс, О’Рајли се здобил со тешка повреда на лигаментите на зглобот на левата нога.
„Како што очекувавме, повредата е сериозна“, потврди менаџерот на Брајтон, Фабијан Хурцелер, без да каже колкава пауза го очекува О’Рајли.