Единсон Кавани имал желба кариерата да ја продолжи во Барселона. Ургваецот е во втор план од моментот кога Крстијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“. Од почетокот на сезоната, Кавани, само два пати бил во поечтниот состав на Јунајтед.
Кавани, во летниот преоден рок, ја прифати понудата на Оле Гунар Солскјер да остане уште една сезона во клубот. Норвежанецот му гарантираше место во првиот тим. Ветувањата паднаа во вода, во моментот, кога Роналдо се врати во клубот.
Поранешниот фудбалер на Палермо, Наполи и ПСЖ и покрај тоа што има 34 години сака да игра на Светскот првенство, доколку Уругвај успее да се квалификува.
За да биде во топ форма тој мора да игра.
Барселона мора да најде напаѓач откако Серхио Агуеро се соочи со здравствени проблеми. Кавани би бил одлично решение, но само доколку на „Ноу Камп“ би дошол како слободен играч.
Кавани на менаџерот му порачал да ги започне преговорите со Барселона. Наводно платата не му била важна, тоуку важна била неговата желба на залезот од кариерата да го облече дресот на каталонскиот великан.