Top Sport

Кавани: Баш би сакал да ги видам премиерлигашите во француската лига

Единсон Кавани смета дека повеќето клубови од англиската Премиер лига би се мачеле во француската Лига 1 по поразот на неговите Пари Сен-Жермен од 3:2 на гостувањето кај Ливерпул.

Ливерпул имаа поголем посед на топката во мечот и изгледаа во контрола, по што некои коментатори го споредија квалитетот на Премиер лигата и Лига 1. Уругваецот не смета дека Лига 1 е инфериорна и дека поради тоа неговиот клуб е во подредена положба.

„Најдобрите клубови во Европа играат во Лигата на шампионите и кога играте со нив, понекогаш победувате, понекогаш губите. Би сакал да ги видам англиските клубови во Лига 1, за да видиме колку навистина се добри. Не можете да ја омаловажувате француската лига, бидејќи Франција е актуелен светски шампион и многу од нивните фудбалери играат дома. Француските клубови одат понатаму во ЛШ во последните години. Тоа е фудбалот“, вели Кавани.

ПСЖ го немаат минато четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Scroll to Top