Единсон Кавани, по завршувањето на сезоната, веројатно ќе го напушти Пари Сен Жермен. Според француските медиуми, Уругваецот влегува во последната година од договорот, а клубот веќе ја одредил цената според која тој може да замине.
Кавани е легенда на ПСЖ, тој е најдобриот стрелец во клупската историја со 192 гола. Бидејќи веќа зачекори во четвртата деценија од животот, а има уште една година од договорот, челниците на клубот ќе се обидат нешто да заработат.
Цената што ја одредиле во Париз изнесува 40 милиони евра, а наводно интерес веќе покажале неговиот поранешен клуб Наполи и Атлетико Мадрид.