Top Sport

Подарок пенал и гол од офсајд, Сити го минаа Свонси во ФА купот (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити надоместија негатива од два гола и се пласираа во полу-финалето во ФА купот. Сити кај Свонси победија 3:2.

Свонси, до минатата сезона член на Премиер лигата, по 30 минути игра имаше предност од 2:0.

Најпрвин Гримс постигна гол од пенал во 20 минута, а девет минута подоцна голот на Сити го погоди Целина.

Во второто полувреме играчите на Пеп Гвардиола ги искористија шансите и ги наплатија сите промашувања од првото полувреме.

Бернардо Силва намали на 2:1 во 69 минута, а во 78 Сити добија подарок пенал. Агуеро го израмни резултатот. Аргентинецот имаше многу среќа бидејќи топката од дирекот се одби од голманот Нортфелд и заврши во голот.

Конечниот резултат, од офсајд што не беше забележан од судиите, го постави Агуеро со својот втор гол во 88 минута.

Scroll to Top