Top Sport

Кавани го продолжил договорот со Манчестер јунајтед

Единсон Кавани го продолжил договорот со Манчестер јунајтед до јуни 2022 година. Оваа информација ја објави новинарот Фабрицио Романо. Манчестер јунајтед во наредните денови треба официјално да соопшти дека Уругваецот ќе остане на „Олд Трафорд“ уште една сезона.

Кавани, во последните часови, од летниот преоден рок во 2020 година, потпиша договор со Манчестер јунајтед на една година, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.

Сезонава тој има одиграно 35 натпревари за Јунајтед, постигнал 15 голови.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солкјер, инсистирал Кавани да остане во клубот.

Кавани се поврзуваше со трансфер во Бока јуниорс, но решилд а ја одбие понудата од аргентинскиот великан.

Scroll to Top