Фудбалерите на францускиот шампион, екипата на ПСЖ вечерва го играше воведниот меч од новата сезона во Лига 1. Противник на „Светците“ им беше екипата на Ним. ПСЖ триумфираше со резултат 3-0.
Кавани го постигна првиот гол за екипата од Париз во новата сезона, Уругваецот прецизно стрелаше од белата точка во 24 минута.
Доминацијата на теренот беше за домашниот тим, а предноста беше дуплирана во вториот дел, во 56 минута. Мбапе на асистенција на Бернат биеше неодбранливо.
Одбраната на Ним попушти, па следуваше и трет гол во мрежата на гостите. Стрелец беше Ди Мариа, на асистенција на Мбапе. Аргентинецот се запиша во листата на стрелците само 5 минути откако влезе во игра.
Во останатите два меча од денешната програма во Лига 1, Лил со 2-1 беше поуспешен од тимот на Нант, а Старзбур и Метц ги поделија бодовите играјќи 1-1.