Top Sport

Кавани може да биде замена за Алексис во Интер

Претставниците на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани го понудиле уругвајскиот ветеран како замена за Алексис Санчез следната сезона.

Речиси е сигурно дека Интер ќе го вратат Чилеанецот во Манчестер јунајтед во нова сезона одбележана со повреди, а сега според „Ла газета дело спорт“, претставниците на Кавани сами се понудиле на „нераѕурите“.

Договорот на Кавани со ПСЖ заврѓува на 30 јуни и тој ќе биде достапен со бесплатен трансфер, но се веруваше дека 33-годишниот напаѓач ќе заврши во Атлетико Мадрид. За Интер Кавани станува интересна опција откако Оливие Жиру го продолжи договорот со премиерлигашот.

Кавани е добро познат на италијанската публика, откако постигна над 100 гола за Палермо и Наполи од 2007 до 2013 година.

Scroll to Top