Top Sport

Неколку недели по „журката“ со проститутки, Кајл Вокер стана татко

Лорин Гудман, поранешната девојка на фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер, откри дека станала мајка со дете на десниот бек на англиската репрезентација, неколку недели откако тој беше на насловните страници на британските таблоиди по забавата со две проститутки за време на карантинот поради корона вирусот.

Гудман ја соопшти веста на своите социјални мрежи.

„Сакам да ве запознаам со моето чудесно бебе. Ова е благослов за мене и уште не можам да верувам“, напиша Гудман.

29-годишниот Вокер имал врска со Гудман минатото лето, откако во април 2019 година по 10 години се раздели со долгогодишната девојка Лора Браун.  Вокер подоцна се извини за скандалот со двете проститутки (на кои им плати 2.200 фунти), а Манчестер сити најавија дека тој ќе биде финансиски казнет.

Манчестер сити ќе го казнат Кајл Вокер за секс-забавата во „изолација“

Scroll to Top