Top Sport

Кавани најавува трансфер во Бока Јуниорс

Единсон Кавани најдобриот стрелец во историјата на Пари Сен Жермен поради пандемијата со коронавирусот можно е повеќе да не одигра ниту еден натпревар за овој клуб. Договорот на Кавани истекува по завршувањето на сезоната и тој како слободен играч ќе замине од клубот.

Кавани од пред неколку дена се наоѓа во својот роден град Салто кој се наоѓа на границата помеѓу Уругвај и Аргентина.

Иако тој во зимскиот преоден рк се поврзувае со трансфер во Атлетико Мадрид, можно е повеќе воопшто да не игра во фудбал во Европа. Јужноамериканските медиуми тврдат дека Кавни ќе потпише договор со Бока Јуниорс каде би играл во тандем со Карлос Тевез.

Кавани неколку пати во минатото изјавил дека е фасциниран од Бока и навивачите.

Уругваецот кариерата во Европа ја започна во Палермо во 2007 година, а преку Наполи во 2013 година за 65 милиони евра пристигна во ПСЖ.

Тој со 200 гола е најдобриот стрелец во историјата на клубот.

Scroll to Top