Top Sport

Новинарите го фаворизираат Јанис во МВП-трката

Кога би одлучувале само новинарите Јанис Адетокумбо, речиси едногласно би бил МВП во НБА лигата.

Во гласањето кое го спроведе „ЕСПН“ меѓу 70 претставници на медиумите, актуелниот МВП добил 60 гласа, додека останатите десет му припаднале на Леброн Џејмс.

Ниту еден друг кошаркар не добил глас за првото место, односно десет бода. Според гласањето првото место носи десет, второто седум, третото пет, четвртото три, а петтото место еден поен.

Јанис добил 670 од можните 700 поени, додека Леброн добил 514. Гласови од новинарите добиле уште десет кошаркари.

Адетокумбо сезонава има просек од 29,6 поени, 13,7 скока и 5,8 асистенции по натпревар, додека просекот на Леброн е 25,6 поени, 7,9 скока и 10,6 асистенции.

Scroll to Top