Top Sport

Кавани одамна има пред-договор со Атлетико?

Последните шпекулации во италијанските медиуми тврдат дека Единсон Кавани одамна се договорил со Атлетико Мадрид и дека Интер биле само втора алтернатива за него.

Уругвајскиот напаѓач ќе биде слободен агент по крајот на неговиот договор на 30 јуни, и веќе може да потпише договор со друг тим. По шпекулациите дека е пред договор со Интер откако Дрис Мертенс реши да остане во Наполи, стана јасно дека нема ништо од негов трансфер во Италија.

„Калчомеркато“ тврди дека Кавани уште пред неколку месеци потпишал пред-договор со Атлетико Мадрид и дека сега само се чека да се објави веста. Исто така се додава дека тој никогаш не влегол во преговори со Интер. Уругваецот наводно потпишал двегодишен договор со кој би заработувал 10 милиони евра по сезона.

Scroll to Top