Top Sport

Кавани: Полека, полека, се разбравме со Нејмар

Уругвајскиот напаѓач на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани признава дека на почетокот имал проблеми да се согласува со својот клупски колега Нејмар, откако ПСЖ за него платија 222 милиони евра за трансфер од Барселона.

Тензиите најјасно се покажаа во мечот со Лион во септември, кога јужноамериканците влегоа во расправија околу тоа кој да шутира пенал во финишот на натпреварот.  Кавани тогаш ја грабна топката и го изведе пеналот (го промаши), а Нејмар постојано се жалеше, по што и тренерот Унаи Емери изјави дека „отсега, Нејмар ќе ги изведува пеналите“. ПСЖ го доби мечот со 2:0.

Зборувајќи за „РМЦ спорт“, Кавани призна дека имало конкретни проблеми со Бразилецот по неговото пристигнување, но дека сега, за доброто на тимот, тие се надминати.

„Да, вистина е дека на времето имав проблем со Нејмар. Зборувавме за тоа, и му кажав дека јас сум првиот кој му посакува да ги оствари индивидуалните цели. Меѓутоа, му кажави и дека има услови и дека тој мора да го стави доброто на клубот. Јас сум фудбалски работник, не сум ѕвезда. Ако имам колеги кои можат да освојуваат индивидуални награди, тогаш ќе направам сѐ да им помогнам. Но, тимот е најважен. Полека, дојдовме до разбирање. Не беше убаво кога навивачите го исвиркуваа и мене тоа многу тешко ќе ми паднеше“, признава Кавани.

Фото: ЕПА

Scroll to Top