Top Sport

Кавани повторно е повреден

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани, повторно ќе отсуствува од тимот поради повреда. Кавани се повредил на последниот меч за Уругвај против Чиле (2:0).

Уругаваецот, поради повредата на листот на десната нога, ќе отсуствува најмалку еден месец.

Кавани против Чиле одигра само 25 минути.

35-годишниот напаѓач оваа сезона се мачи со повредите. Претходно, речиси два месеци отсуствуваше поради повреда на препоните.

Од почетокот на сезоната, Кавани, настапил на 17 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнал два гола и забележал една асистенција.

Договорот на Кавани со Манчестер јунајтед истекува на крајот од сезоната, тој како слободен играч ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Scroll to Top