Top Sport

Кавани се договорил со Виљареал

Искусниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани се согласи да се пресели во Виљареал. За да биде официјализирана соработката Виљареал треба да го продаде Пако Алакасер.

Кавани во моментов е без договор откако му истече двегодишниот договор со Манчестер јунајтед.

35-годишниот фудбалер имаше различни понуди летово, се зборуваше за заминување во Фенербахче или Гранада, но Виљареал му понуди најдобри услови на Уругваецот.

На „Ел Мадригал“ Кавани ќе повторно ќе соработува со Унаи Емери. Претходно, Емери го тренираше Кавани во ПСЖ.

Scroll to Top