Top Sport

Кавани се враќа во Јужна Америка

Едисон Кавани (36) го раскина договорот со Валенсија, една година пред истекот. Уругваецот и клубот спогодбено се разделија. Кавани кариерата ќе ја продолжи во Јужна Америка.

За разлика од големите ѕвезди, кои поради парите се селат во Саудиска Арабија, Кавани реши да си го исполни сонот и да го облече дресот на еден од најславните клубови од Јужна Америка.

Според јужноамериканските медиуми, Кавани се договорил со Бока Јуниорс со која ќе потпише договор до крајот на декември 2024 година.

Scroll to Top