Top Sport

Кавгата меѓу Србинот и Хрватот скапо ќе го чини Торино

Италијанските медиуми објавија дека жестоката пресметка меѓу Иван Јуриќ и Немања Радоњиќ значи дека српскиот напаѓач е отпишан во Торино.
Јуриќ го шокираше својот играч Радоњиќ, но фудбалската јавност со она што го направи во текот на градското дерби од 24. коло на Серија А, со Јувентус (2:4).

Јуриќ во 60. минута при резултат 2:2 го внесе во игра српскиот напаѓач, но реши го замени само 15 минути подоцна.

Кога Радињиќ го напушташе теренот членови на стручниот штаб на Торино се ставија меѓу него и тренерот за да спречат физичка пресметка.

Италијанските медиуми тврдат дека овој инцидент значи крај за Радоњиќ во Торино. Сепак, клубот на Јуриќ многу скапо и комплицирано ќе се ослободи од него.

Радоњиќ е во Торино на позајмица од Олимпик Марсеј, а оваа сезона 27. годишниот офанзивец одигра 22 натпревари за италијанскиот клуб, од кои повеќето ги започна како резерва.

Тој постигна четири гола и забележа две асистенции.

Иако претежно е резерва, минатата недела беа исполнети условите да се активира откупот на неговиот договор од Марсеј. Тоа ќе ги чини „биковите“ два милиони евра.

Затоа Торино сега мора да се ослободи од Радоњиќ, но најпрвин да го откупат, а дури пота ќе можат да го продадат.

Scroll to Top