Top Sport

Казан сака да биде совршен домаќин – и Меси доби ист мурал како Роналдо

Уметниците во престолнината на Татарстан, Казан, работеа цела ноќ за да обојат мурал од аргентинската ѕвезда Лионел Меси за да гледа кон муралот на неговиот вечен ривал, Португалецот Кристијано Роналдо во обид да бидат совршени домаќини.

Аргентинската репрезентација се смести во хотелот „Рамада“ пред осминафиналето против Франција, и Меси и другарите можеа да го видат огромниот мурал на Роналдо, кој беше направен кога Португалија играше во Казан на Купот на Конфедерации во 2017 година.

Ова значеше дека Меси и другите Аргентинци од прозорецот на својата хотелска соба гледаат директно кон Роналдо. Сега за среќа, и тоа е поправено.

Сепак, некој навивач на Роналдо на муралот на својот идол допишал: „Јас веќе дадов четири гола, можеш ли подобро, Лео?“.

Scroll to Top