Top Sport

Вознијацки против Сабаленка во финалето во Истбурн

Светската тенисерка број 2, Каролине Вознијацки спаси меч-поен во вториот сет, пред со 2:6/7:6(4)/6:4 да ја совлада Германката Анџелике Кербер за пласман во полуфиналето на Истбурн шампионатот, последниот турнир пред Вимблдон.

Освојувачката на Австралија опен, Вознијацки во финалето ќе игра со Белорусинката Арина Сабаленка, откако 20-годишната тенисерка со 6:3/1:6/6:3 ја совлада Агњешка Радвањска во второто полуфинале.

Вознијацки го загуби првиот сет од двократната гренд слем шампионка, а Кербер продолжи така и во вториот сет, пред да пропушти голема шанса за победа, за на крај да го загуби сетот. Вознијацки во третиот сет остана поконцентрирана и сега го игра второто финале во Истбурн, откако лани загуби од Каролина Плишкова, која загуби од Сабаленка во четврт-финалето.

Scroll to Top