Серхио Лопез, аргентинскиот фудбалер од средниот ред на еквадорскиот клуб Аукас ќе мора да плати казна од 1.200 долари откако во понеделникот во тек на фудбалски меч ја бакнал фудбалската топка, што е забрането поради пандемијата на корона вирусот.
Лопез, кој има играно во клубови во Аргентина, Чиле и Колумбија, ја бакнал топката при 1:0 победата над Макара во Првата лига на Еквадор, нешто за што добил казна, прва ваква санкција во историјата на фудбалот.
Еквадорците очигледно сакаат стриктно да ги почитуваат правилата, откако пет фудбалери биле казнети по 1.200 долари за менување на дрес со своите противници. Помали казни добиле клубовите за некористење на средство за дезинфекција на рацете.