Top Sport

Казна од 20.000 евра за играч на Баерн – задоцнил на тренинг

Победата на Баерн над Мајнц од 6-1 изминатиот викенд се чини малку ги опушти играчите на германскиот шампион, па младиот канадски фудбалер, Алфонсо Дејвис слободниот ден го искористил да отпатува во Париз, кај неговата девојка.

Сакал да се врати на време, но метежот на аеродромот во Минхен го спречил, па тој стигнал во тренинг центарот 4 часа по закажаниот термин.

Тренерот на Баварците, Нико Ковач поради ова го казнил Канаѓанецот со 20.000 евра, па така Дејвис стана вториот играч во ерата на Ковач на кормилото на Баерн кој бил „удрен по џеб“.

Првиот беше Португалецот Ренато Санчез кој јавно се пожалил дека добива мала минутажа. Санчез сега е играч на Лил во Франција.

Scroll to Top