Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е казнет и нема да може да ги предводи „петлите“ на еден меч во Лига Европа.
Казната на Португалецот е поради тоа што до задоцнување ја извади екипата на терен во второто полувреме на мечот Антверпен-Тотенхем, пред 2 недели.
Парична казна заработи Тотенхем, и тоа од 25.000 евра поради доцнењето и дополнителни 3.000 евра поради кршењето на правилата на УЕФА.
На тој меч Антверпен славеше со 1-0, а со оглед на тоа како тимот на Мурињо играше на тој меч, разбисрливо е што сакал да ги задржи играчите подолго во соблекувалната.
Во наредното коло на Лига Европа Тотенхем го пречекува бугарски Лудогорец. „Спарси“ се први во групата Ј со 6 бода.