Top Sport

Казна во последните секунди! Брајтон извлече реми кај Палас

Брајтон го продолжи одличниот старт на сезоната, спасувајќи 1:1 реми на гости кај Кристал палас со гол во 95. минута од мечот, но не успеа да освои три поени со кои ќе беа изненадувачки лидери на Премиерлигата.

Со евентуална победа на „Селхарст парк“, Брајтон ќе имаа 15 поени по шест одиграни кола и ќе беа на првото место на табелата со поен предност пред Ливерпул.

Тимот на Патрик Виеира дојде во водство во финишот на првото полувреме, кога Леандро Тросар го собори Галагер во шестнаесетникот, а Вилфрид Заха беше безмилосен од белата точка. Но, Палас не успеа да стигне до втората победа под водство на Французинот, откако во 95. минута, Французинот Нил Мопе успеа да донесе поен за гостите.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top