Ѕвездата на Јувентус и на италијанската репрезентација, Федерико Бернардески доби финансиска казна од 40.000 евра и неговата плажа „Амаре Холи“ во Марина ди Карара била затворена од властите откако полицијата пронашла 11 непријавени работници.
Според весникот „Ла национе“, Бернардески токму на таа плажа се ожени со Вероника Чарди веднаш по враќањето од финалето на ЕУРО 2020 на „Вембли“, каде што со Италија ја освои титулата.
Локалните карабињери при инспекцијата пронашле 16 вработени во неговиот локал, од кои само 5 имале редовни документи, а другите работеле како келнери, бармени и мијачи на садови.