Поранешниот напаѓач на повеќе премиерлигашки клубови, Нил Шиперли доби казна од 12 месеци јавна работа откако призна дека мастурбирал пред една мајка и нејзината 16-годишна ќерка.
45-годишниот Шиперли призна дека ги покажал гениталиите додека бил во своето комби и поминал покрај двојката во Хилингтон, Лондон во септември.
Поранешниот напаѓач на Челси, Кристал палас, Саутемптон и Нотингем форест доби 20 гдена рехабилитација и казна од 12 месеци, откако судот ги прифати тврдењата на неговиот адвокат дека Шиперли имал психички проблеми по смртта на својот татко и големите долгови во кои западнал поради коцкањето. Шиперли има 150 настапи во Премиер лигата.