Top Sport

Зозулија: Не сум фашист, туку само украински патриот кој сака мирен живот

Фудбалерот на Албасете, Роман Зозулија ги отфрли обвинувањата дека е неонацист откако дел од навивачите на Рајо Валјекано го прекинаа мечот во неделата со извици против украинскиот фудбалер.

Зозулија потпиша за Рајо како позајмен фудбалер од Реал Бетис во 2017 година, но договорот пропадна откако навивачите на Рајо го поврзаа со екстремистички десничарски групи во неговата татковина.

„Кога потпишав за Рајо Валјекано ми кажаа дека не можам да играм таму бидејќи сум фашист. Не го сфатив тоа и тие ми кажаа дека сум помагала на украинската армија, а ултрасите на Рајо, ’Буканерос’ биле со другата армија. Шест луѓе од таа група кои ме обвинуваа се бореа за другата страна и ме сметаа за непријател. Оттаму дојдоа фотографиите и ме нарекуваа фашист, нацист и расист. Како можам да сум расист кога мојот најдобар пријател е Жереми Бела, црн фудбалер, а добив поддршка и од мојот претседател, кој е Евреин“, вели Зозулија.

Тој посочи дека нема никаква врска со екстремните идеологии и дека Албасете како клуб и неговото семејство се зад него.

„Сѐ што слушате за мене не е вистина, јас сум само фудбалер и патриот на Украина. Не зборував претходно бидејќи барав мир и тишина, но сега морам да го кренам гласот. Шпанија ми е втора татковина и сакам да живеам мирно тука. Мојата ќерка ме праша што се случува и не знаев што да и кажам. Бројот 18? Ми го дадоа, јас не го избрав и оттогаш сфатив дека има политичко значење. Бев на фотографија со шал со Степан Бандера, но тоа го направив бидејќи си наликуваме физички, ништо друго“, вели Зозулија.

Навивачите на Рајо го прекинаа натпреварот со Албасете: Зозулија ти си нацист

Scroll to Top