Top Sport

Казната на Наполи останува – 3:0 од Јуве и казна од еден поен

Жалбата на Наполи за службениот пораз од 3:0 од Јувентус и казната од еден поен е одбиена, бидејќи Лега Серија А утврди дека „партенопеи“ го прекршиле протоколот со одбивањето да отпатуваат во Торино и да го одиграат мечот.

Наполи не се појавија на закажаниот меч на 4 октомври откако локалната здравствена власт им нареди да останат во изолација по позитивните тестови на КОВИД-19 на Елиф Елмас и Пјотр Зиелински. Клубот го откажа летот и хотелот, додека Јувентус излегоа на теренот и чекаа мечот да биде прекинат.

Лигата утврди дека Наполи со дополнителни тестови можеле да патуваат во Торино, и апелациониот суд го одби протестот на клубот, оценувајќи дека тие барале „алиби“ мечот да не се оддржа.

„Нивното однесување деновите пред мечот покажува дека тие не планираа да играат меч, што беше јасно прекршување на основните принципи на ферплејот и чесноста“, се вели во одлуката.

Наполи сега ќе се жали пред Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ), а останува можноста и да бараат правда на цивилен суд.

Scroll to Top