Top Sport

Казни за тие што нема да играат

„Клубовите кои ќе одбијат да играат кога сезоната ќе продолжи ќе бидат казнети“, најави првиот човек на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас.

Ла Лига и сопствениците на клубовите се договорија сезоната да продолжи во јуни. На оваа одлука се противат од Асоцијацијата на професионални фудбалери, сметаат дека никој не им ја гарантира безбедноста.

Хавиер Тебас има јасен став тие што нема да играат ќе биде казнет.

„Доколку владата дозволи да продолжи сезоната, а клубовите одбијат да настапат, тогаш ќе следуваат санкции. Секако дека ќе го загубат натпреварот, а ќе сносат и други последици“, рекол Тебас.

„Ако ја прекинеме сезоната ќе изгубиме една милијарда евра. Натпреварите планираме да ги играме без публика, тоа ќе не кошта 300 милиони евра. Работиме на тоа да продолжи сезоната“, заклучил првиот човек на Ла Лига.

Scroll to Top