Top Sport

Казорла: Арсенал се распрашуваат за играчи на Вилјареал

Арсенал во летниот преоден рок подготвува целосен ремонт на тимот. Тренерот Микел Артета има намера да донесе неколку млади и талентирани фудбалери. На неговиот список се наоѓале двајца играчи на Вилјареал.

Крилниот напаѓач Саму Чуквуезе и дефанзивецот Пау Торес се играчите кои ги следеле од Арсенал. Информации за нивните квалитети челниците на Арсенал побарале од „прва рака“, му се јавиле на својот поранешен играч Санти Казорла.

„Тие (Арсенал) ме прашуваа за нив. Мислат дека двајцата се подготвени да направат скок во Премиер лигата“, рекол 35 годишниот Казорла и дополнил.

„Добро е што големите клубови се распрашуваат за младите играчи на Вилјареал, но во овој момент ќе им порачувам на сите да ги остават на мира…Се уште треба да напредуваат. Двајцата имаа сјајни карактери, не летаат во облаци“.

Инаку за 20 годишниот Нигериец сериозен интерес од минатото често покажува Ливерпул. Менаџерот Јирген Клоп бил воодушевен од неговите квалитети.

Ливерпул на Вилјареал им понудиле 35 милиони евра за Чуквуезе, но според информациите клубот бара уште толку пари за да му овозможи трансфер.

Scroll to Top