Top Sport

Сари е загрижен само за своето здравје

Јувентус се спасија од пораз во Милано со гол од пенал во 90 минута, во првиот полу-финален натпревар во Купот на Италија. Тренерот на Јувентус Маурицио Сари по мечот рекол дека не е загрижен иако неговите фудбалери одигра лош натпревар.

„Бевме подобри во однос на натпреварот во Верона. Додавањата и организацијата на играта од последната линија беа добри, немавме игра во последната третина од теренот. Тоа е процес, продолжуваме да работиме. Примаме голови што не би смееле да ги примаме. Тоа ни се случи на овој натпревар. Сепак повторно успеавме да дојдеме до позитивен резултат“, рекол Сари.

Новинарите го прашале Сари дали го загрижува лошата игра на неговиот тим во последните неколку недели.

„Дали сум загрижен? Не сум. Единствените животни грижи се поврзани за здравјето“, одговорил тренерот на Јувентус.

Scroll to Top