Top Sport

Казорла и официјално се врати во Вилјареал

Вилјареал потврдија дека Санти Казорла по третпат ќе биде нивни играч, давајќи му шанса на играчот од средниот ред кој последните две години имаше кошмар со повредите.

Казорла беше ослободен од Арсенал на крајот на сезоната откако последен пат играше во октомври 2016 поради повредата на ахиловата петица поради која беше на неверојатни 10 операции во 18 месеци. Тој се врати на тренинзите со клубот во мај и по заминувањето од Арсенал продолжи со тренинзи со младинскиот клуб на Алавес.

Меѓутоа, 33-годишниот ветеран доби понуда од својот поранешен клуб.

„Денеска имаме навистина посебна вест, бидејќи се враќа во тимот човек кој е многу близок на ’жолтите’. Добредојде назад, Санти Казорла“, напишаа Вилјареал на Твитер.

Казорла ја почна кариерата во „жолтата подморница“ во 2003 година, и имаше речиси 250 настапи на двапати за клубот.

Scroll to Top