Top Sport

Буфон казнет три меча за коментарот „канта за ѓубре место срце“

УЕФА го суспендираше голманот Џанлуиџи Буфон доби суспензија од три меча за коментарите за судијата Мајкл Оливер по поразот на Јувентус во контроверзното четврт-финале од Лигата на шампиони.

Буфон беше лут на одлуката на англискиот судија да додели пенал за Реал во финишот на мечот, кога резултатот беше 3:0 за Јувентус, губејќи ја контролата по што доби црвен картон. Кристијано Роналдо постигна гол од пенал и Реал влезе во полуфиналето со 4:3 севкупна победа.

40-годишниот Буфон, кој замина од Јувентус по 17 сезони на крајот на сезоната, по мечот изјави дека Оливер наместо срце има „канта за ѓубре“, по што неколку пати ја бранеше својата одлука да се бунтува. Шпекулациите велат дека тој е блиску до трансфер во Пари Сен-Жермен, каде што ќе мора да ја отслужи суспензијата.

Фото: ЕПА

Буфон: Оливер има канта за отпад наместо срце

Scroll to Top