Top Sport

Казорла посочи кој треба да биде тренер на Барселона

Ветеранот Санти Казорла смета дека Чави би бил идеален тренер за Барселона. Чави му е тренер на Казорла во Ал Сад, претходно беа соиграчи во шпанската репрезентација.

„Чави играта ја темели врз поседот на топката, на позициска игра. Тоа е школа на Барселона, се браните со топката во нозете. Мислам дека тој го разбира начинот на кој треба да игра Барселона и дека тоа знае како да го спроведе. Тој стил не е уникатен, но кога го имате Чави, тогаш се е единствено“, рекол Казорла.

„Секогаш имаше таква филозофија. Се сеќавам дека беше таков и кога бевме соиграчи во шпанската репрезентација“.

Чави е тренер на Ал Сад од 2019 година, една година подоцна Казорла потпиша договор со овој клуб.

Scroll to Top