Top Sport

Казорла вклучен во тимот на Арсенал за ЛЕ

Иако оваа недела Арсен Венгер призна дека е тешко да се верува дека Санти Казорла ќе може да се врати до крајот на сезоната, шпанскиот играч од средниот ред беше вклучен во составот на „топчиите“ за Лигата на Европа.

Казорла последниот настап за Арсенал го имаше во октомври 2016 откако му се повтори повредата на ахиловата тетива поради која беше на дури 10 посебни операции во 18 месеци. Останува да се види дали 33-годишниот ветеран ќе одигра меч до крајот на сезоната. Арсенал играат со шведските аутсајдери ФК Остерсундс во 1/16 финалето, почнувајќи со гостувањето на 15 февруари.

Во тимот за ЛЕ се пријавени и новите засилувања на тимот, Константинос Мавропанос и Хенрик Мхитарјан, но не и Пјер-Емерик Обамејанг, кој не може да биде избран поради настапите за Борусија Дортмунд.

Навистина нема среќа – Казорла на деветта операција

Scroll to Top