Top Sport

Шест месеци суспензија за судијата кој го шутна Карлос

Тони Шапрон, судијата кој го шутна дефанзивецот на Нант, Диего Карлос при меч од француската Лига 1, доби шестмесечна суспензија.

Шапрон се сплетка со Карлос додека двајцата го „бркаа“ Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен, и откако паднаа, судијата прво го клоцна фудбалерот, пред да му покаже црвен картон. Тој веднаш доби условна суспензија, а сега Лигата на фудбалски професионалци (ЛПФ) му даде шестмесечна казна.

Судијата призна дека „претерал“, а бидејќи најави дека ќе се повлече од фудбалот на крајот на сезоната, останува да се види дали повторно ќе биде судија во Франција.

Судијата го шутна играчот и му даде црвен картон (видео)

Scroll to Top