Душан Влаховиќ, по долго време доби овации од навивачите на Јувентус. По триумфот над Удинезе (3:1), српскиот репрезентативец им се забчагодари на навивачите и на поранешниот тренер Игор Тудор.
Душан Влаховиќ беше еден од најдобрите играчи на Јувентус во синоќешната победа, постојано влегуваше во гол шанси, но погоди само еднаш, од пенал во петтата минута.
Привремениот тренер, Масимо Брамбиља го извади од теренот во 89-та минута, очигледно намерно, сакајќи да предизвика реакција од публиката.
И успеа во тоа, Влаховиќ доби стоечки овации, а речиси сите навивачи на стадионот во Торино го скандираа неговото име.
„Би сакал да постигнувам 100 гола по сезона. Им благодарам на навивачите за нивниот аплауз. Не се чувствувам како лидер на тимот. Ако сменивме три тренери за година и пол, вината е кај сите нас. Би сакал да му се заблагодарам на г-дин Тудор за она што го направи и за она што го претставува за Јувентус“, рече Влаховиќ во кратка изјава за италијанските медиуми по победата над Удинезе.
Новинарите беа заинтересирани и за тоа каква ќе биде иднината на Душан Влаховиќ, дали ќе остане во Јувентус?
„Не знам каква ќе биде мојата иднина и што може да се случи. Нов договор? Никогаш не вели никогаш, но не знам што може да се случи, фокусиран сум на сегашноста. Нема смисла да се зборува за тоа сега, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме. Мораме да зборуваме помалку, а да постигнуваме повеќе. И да победуваме…“
