Top Sport

Кедира: Егото на Роналдо беше исто во Реал и во Јуве, но подоцна стана вистински лидер

Поранешниот германски репрезентативец, Сами Кедира во интересно интервју зборуваше за тоа како било да се игра покрај Кристијано Роналдо, објаснувајќи дека во Јувентус се обложувал на 100 евра или на шише вино на секој тренинг и дека постојано сакал да биде на врвот.

„Сретнав двајца поинакви Кристијана во кариерата. Првиот беше во Реал Мадрид, тој беше млад, малку несигурен и себичен. Не себичен на лош начин, туку на начин на кој се младите напаѓачи. Мораше да го најде својот карактер. Потоа, вториот Кристијано, кога дојде во Јувентус, тој беше повеќе лидер. Уште придвижуван од егото и себичноста да се даде гол, но повеќе за мотивација на своите соиграчи. Надвор од теренот, беше порелаксиран и позрел, но на теренот, секогаш фокусиран. Го видовме тоа првиот ден кога шутиравме на гол. Дали кога игравме 4-на-4 или било што, тој ќе се обложеше на 100 евра или на шише вино. Тој сака да се натпреварува и ако загуби, лут е и никој не сака да го разочара“, изјави Кедира.

Тој самиот вели дека презел некои работи од менталитетот на Роналдо.

„Морате да му ја дадете топката во шестнаесетникот, да му дадете на знаење дека ќе се борите за него, ќе трчате за него. Бидејќи на крајот, тој најверојатно ќе го даде победничкиот гол и ќе ви донесе три поени. Тоа е компромисот кој мора да го правите кога сте со Кристијано во ист тим“, објаснува Кедира.

Scroll to Top