Јувентус полека ги губат нервите со Сами Кедира, откако поранешниот германски репрезентативец ги одби сите понудени трансфери во Бешикташ, Фенербахче, Вулверхемптон и во МЛС лигата.
32-годишниот ветеран има договор со клубот до јуни 2021 година со опција за уште една година, но не е дел од плановите на новиот тренер Маурицио Сари, и според „Калчомеркато“ клубот од Торино направил повеќе обиди да направат трансфер, но тој и неговиот агент ги одбиле сите.
Меѓу клубовите кои го сакале Кедира биле Бешикташ, Фенербахче и Вулверхемптон, но единствениот тим за кој тој бил заинтересиран – Арсенал, воопшто не се обидел да ги контактира „бјанконерите“. По ова, единствена опција е Јувентус со „взаемен договор“ да го прекине договорот на Кедира, по што тој би станал слободен играч, а Јувентус би добиле екстра 6 милиони евра годишно, кои му ги даваат како плата.