Фудбалерот на Јувентус, Сами Кедира се заблагодари на убавите пораки од своите фанови откако мораше да оди на итна операција за корекција на нерегуларниот пулс. Се очекува Германецот да биде во аут најмалку еден месец по третманот.
„Имав успешна интервенција денеска наутро. Сè помина во совршен ред и ќе се вратам на работа по мала пауза. Благодарам на сите пораки за добро здравје, кои навистина ми значеа. Голема благодарност до професорот Гаита и неговиот медицински тим. Сега им посакувам победа на моите соиграчи на мечот во Мадрид“, напиша Кедира на Инстаграм.
Проблеми за Кедира, има срцева аритмија, нема да игра против Атлетико