Top Sport

Рајн-Некар не се откажува – супер-важна победа над Киелце

Рајн-Некар Левен се „разбуди“ од зимскиот сон и по двата порази во Лигата на шампионите, успеа да ги победи Виве Киелце со 30:29 (18:14), дополнително компликувајќи ја ситуацијата во групата Б, каде што е и македонскиот шампион Вардар.

По поразите од Вардар дома и од Мешков Брест на гости, на РНЛ му беше потребен добар резултат за да остане во игра за пласман во понатамошната фаза, и германскиот клуб го направи токму тоа против Киелце, почнувајќи силно и правејќи предност која не ја испушти до крајот на мечот и покрај силниот финиш на гостите.

Швајцарецот Анди Шмид имаше осум гола за РНЛ, Колбахер додаде седум, додека македонскиот репрезентативец Филип Талески немаше постигнат гол. За Киелце, Агинагалде заврши со пет гола како најефикасен стрелец.

Со победата Рајн-Некар се израмни со Киелце со 7-0-6 скор и со 14 поени, но го помина полскиот клуб поради подобра гол разлика. Вардар е на третото место со 15 поени, Веспрем е втор со 16, а Барселона е на првото место со 20 поени. Вардар во сабота гостува кај фенерџијата Кристијанштад.

Фото: ЕПА

Фото: ЕПА

Scroll to Top