Поранешниот фудбалер на Јувентус, Сами Кедира вели дека е тажно да се види формата на „старата дама“ по вчерашното 1:1 реми со Наполи.
Јувентус е на петтото место на табелата во Серија А, три поени зад четвртопласираната Аталанта, која има и натпревар помалку, и Кедира, кој се пензионираше на крајот на минатата сезона, признава дека тимот има проблеми во средината и во нападот, откако постигна само 28 гола во првите 20 меча од сезоната.
„Пред две-три години, Јуве ја сменија својата фудбалска идеја и фудбалерите, направија грешки, но сега се обидуваат да се вратат. Не играат лошо, но не даваат голови и тоа е најголмиот проблем. Го загубија Кристијано Роналдо, кој даваше многу голови и имаат целосно нов тим со млади играчи без искуство. Мислам дека освен Кјелини и Бонучи немаат лидери, посебно во средниот ред. Како навивач на Јуве, тажно е да се гледа состојбата на клубот и се надевам дека можат да ги решат проблемите“, вели Кедира.