Top Sport

Ворачова: Исто како да сум во затвор

Чешката тенисерка, Рената Ворачова, која му се приклучи на Новак Ѓоковиќ во „имиграциониот центар“ во Мелбурн откако на двајцата им беше одземена австралиската виза, вели дека се чувствува како да е во затвор.

Во бизарен след на настаните, 38-годишната ветеранка Ворачова, која е 81-рангирана во двојки, беше приведена иако играше подготвителен турнир, влегувајќи во земјата со медицинско образложение за невакцинација.

„Се наоѓам во една соба и не можам да одам никаде. Прозорецот ми е затворен, не се отвара ниту 5 сантиметри. Има стражари насекаде, дури и под мојот прозорец, што е навистина смешно. Можеби си мислеа дека ќе скокнам и ќе избегам. Ми носат храа и има стражар во ходникот и мораш да му кажуваш се. Се чувствувам како во затвор“, вели Ворачова во интервју за чешки „Днес“.

Ворачова добила дозвола да влезе во Австралија откако минатата година била позитивна на КОВИД-19 и одигра меч во двојки на ВТА турнирот во Мелбурн. За разлика од Ѓоковиќ, кој се жали на одлуката, Ворачова сака да си оди дома.

„Како да бев во акциски филм кога ме приведоа и воопшто не беше пријатно. Сега би требала да барам нова виза и да чекам една недела, затворена во хотел без тренинг. Чекам дозвола да си одам. Не сфаќам зошто дојдоа една недела подоцна и кажаа правилата веќе не важам. Сакам да му дозволат на Ѓоковиќ да игра. Ние сме спортисти, дојдовме тука за тенис, а не за други глупости“,  додава Ворачова, која во кариерата има 11 ВТА титули во двојки.

Австралија ќе депортира чешка тенисерка која легално влегла во државата и играла на турнир во Мелбурн

Scroll to Top