Top Sport

Кеирош ќе го предводи Египет

Карлос Кеирош е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Египет. Искусниот Португалец, на функцијата го замени Хосам Бадри, кој доби отказ по нерешениот резултат во Габон (1:1), во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во Катар.

Кеирош беше без работа од декември минатат година, кога ја напушти клупата на Колумбија. Овој тренер, во кариерата, бил селектор на Португалија, Јужна Африка, Обединетите Арапски Емирати и Иран.

Клупската кариера ја започна како помошник на Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед, а бил тренер на Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.

Scroll to Top