Карлош Кеирош повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Колумбија. Одлуката на челниците на Фудбалскиот сојуз на Колумбија е очекувана, бидејќи во последните два натпревари, во квалификациите за пласман на СП во Катар, Колумбија доживеа два тешки порази, од Уругвај на домашен терен 3:0 и во Еквадор 6:1.
Португалецот Кеирош, Колумбија ја презеде на 7.февруари минатата година, кога потпиша три годишен договор.
Тренерската кариера, Кеирош, ја започна како помошник на Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед. Потоа работел како тренер во реал, Спортинг Лисабон, а бил и селектор на Португалија Обединетите Арапски Емирати и Јужна Африка.
Се уште не е познато кој ќе биде новиот селектор на Колумбија.