Карлос Кеирош ги предизвика иранските фудбалски власти да го отпуштат од селекторската позиција на Иран и покрај тоа што ги квалификуваше на СП во Русија ако не им се допаѓаат неговите јавни критики.
Иран ги доби Португалија, Шпанија и Мароко во групата Б, по што Кеирош побара поголема поддршка за репрезентацијата.
„Кажувам дека Иран мора да има посебни локални подготовки. Не ми е грижа за заканите и за тоа што сакаат да ме сопрат во моите коментари. Иранските фанови заслужуваат посебни подготовки, за да донесеме чест и гордост за репрезентацијата. Можат да ме отпуштат, не ми е грижа, но морам да го кажам моето мислење. Нашите играчи заслужуваат целосна подготовка“, изјави 64-годишниот поранешен менаџер на Реал Мадрид преку Фејсбук порака.
Кеирош и претходно бараше повеќе финансиски средства и поголема логистичка поддршка откако станаа првата репрезентација од Азија која се квалификуваше уште во јуни. Поранешниот асистент на Алекс Фергусон е миленик на иранските фудбалски фанови откако двапати ги однесе на СП првпат во историјата.