Top Sport

Кеисуке Хонда на крајот заврши во Азербејџан!

Поранешниот фудбалер на Милан, Кеисуке Хонда, конечно, си пронајде нов клуб, откако до крајот на сезоната ќе настапува во азербејџанскиот Нефчи од Баку по пропаднатиот трансфер во Португалија.

34-годишниот Хонда е вистински фудбалски патник – последен клуб му беше Ботафого од Бразил, а претходно играше и во Австралија и Мексико, а неодамна беше дел од една од најбизарните трансфер-приказни во јануарскиот преоден рок.

Јапонецот потпиша шестмесечен договор со Портимао, клуб кој се бори за опстанок во лигата, но не успеа да го регистрира трансферот.

Портимао му го раскина договорот на Хонда по само пет дена!

Scroll to Top